Нова акција за дезинфекција на јавните површини во Општина Кисела Вода

Општина Кисела Вода денеска на својата територија започна уште една нова акција за дезинфекција на јавните површини.

Во урбаните заедници „Цветан Димов“ и „11 Октомври – згради“, дезинфекција е извршена во околу 50 влезови на станбени згради, пред влезовите на маркетите, аптеките и банките.

Дезинфицирани се и автобуските постојки, клупите и корпите за отпадоци во парковите, како и затворените за употреба детски и спортски игралишта.

„Во периодот што следува, работните активности за спречување на вирусот ќе продолжат да се одвиваат во сите урбани и месни заедници во општината“, најавија од таму.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.