Автоматски систем за наводнување на зеленилото во паркот „Шопен“

Општина Кисела Вода постави нов автоматски систем за наводнување на зеленилото во паркот „Шопен“, информираат од општината.

 

Со работните активности беше извршена целосна замена на дотраените прскалки, црева и цевки. Покрај ова, на дел од паркот заседена е и нова трева.

 

Локалната самоуправа како што додаваат, следната година ќе продолжи со доуредување на паркот.

 

 





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.