Општина Кисела Вода денеска додели 60 ваучери за новороденчиња

Општина Кисела Вода денеска додели нови 60 ваучери за новороденчиња, 22 за женски и 38 за машки деца.

 

Ваучерите во висина од 6000 денари на семејствата од Кисела Вода им ги подели секретарот на Општината, Александар Алексовски.

Локалната самоуправа паричната помош ја доделува со цел да им излезе во пресрет за првичните потреби на семејствата кои имаат принова и се со адреса на живеење на нејзината територија.

Барањата за добивање ваучер потребно е да се поднесат во рок од 90 дена од раѓањето на детето.

Со истите треба да се достават на увид важечки лични карти или други исправи за лична идентификација, извод од матична книга на родените за новороденчето и фотокопија од трансакциона сметка.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.