Акција за собирање кабаст отпад во Кисела Вода

Општина Кисела Вода  и ЈП „Комунална хигиена” – Скопје, по повод Светскиот ден на чистењето, ќе спроведе акција од 21 до 24 септември за собирање кабаст отпад – стар мебел и отпад од електронска и електрична опрема на територија на општината.

 

ЈП,,Комунална хигиена” – Скопје ќе постави три специјални садови (контејнери), во кои граѓаните ќе можат да го одлагаат  кабастиот  отпад на следниве локации :

 

Кисела Вода – контејнерот ќе биде поставен на ул.14 Декември – кај ,,Гет Кафе” (до контејнерите)

 

-11 Октомври – згради – контејнерот ќе биде поставен во ,,Парк Пушкин” (кај контејнерите)

 

– населба Драчево – контејнерот ќе биде поставен на ул.Ратко Митровиќ – кај Спортската сала)

 

Ги замолуваме сите граѓани отпадот да го одлагаат во точно предвидените термини и локации.

 

Вон определениот датум не е дозволено одлагање на кабастиот отпад.

 

Кабаст отпад опфаќа секаков вид на домашен отпад ( мебел, електронска и електрична  опрема.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.