Заврши манифестацијата „Три круши“

На затворањето на „Културното лето Општина Кисела Вода 2019“, синоќа на „Три круши“ посетителите имаа можност да ги слушнат познатите авторски песни на Мики Јовановски-Џафер, Искра Трпева и Ѓоко Танески.

 

Покрај ова, концертната вечер ја збогатија играорците на КУД „Китка“, кои облечени во драчевска и мариовска носија пред публиката одлично се претставија со мариовското женско оро „Тресеница“ и со сплет на игри од повардарскиот регион.

 

КУД „Китка“ од Драчево повеќе од 50 години ширум светот успешно ја промовира македонската музика и традиција.

 

Љубителите на добрата музика, на културното лето имаа можност да ги видат и слушнат најквалитетните македонски групи и пејачи. Од средината на август на повеќе локации во Кисела Вода концерти одржаа: Ефто Пупиновски, Дани Димитровска, Бени и Нон Стоп, Анастасија Петреска, групата Биоритам, Миле Кузмановски, Силви Бенд, Сузана Спасовска, Александар Митевски, Драган Спасов – Дац и Кристина Арнаудова.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.