Во Кисела Вода трева до колена, граѓаните се плашат за својата безбедност

 

Неискосена трева, нарасната речиси половина метар и неуредени јавни зелени површини е сликата за општина Кислеа Вода.

 

Ова, го тврди наш гледач од оваа скопска општина, а изјава е поткрепена со аматерска видео снимка, направена на различни локации.

 

Со цел да дознаеме со каква динамика работат општинските комунални слуби, се обративме до општина Кисела Вода, од каде што велат дека интензивно и секојдневно работат на одржувањето на блоковското, пaрковското зеленило, како и на зеленилото на јавните површини околу сервисните улички. За таа цел, како што информираат од општината, 10 сезонски работници ангажирани од Општина Кисела Вода секојдневно се на терен и работат со машини, додека 50-тина сезонци рачно учествуваат во акциите за расчистување и одржување на јавните површини на сервисните улици, а по потреба им помагаат и на работниците од ЈП “Паркови и зеленило”. 

 

Се работи со голема динамика, секојдневно, често пати и за време на викендите. Во секоја урбана заедница се задржуват согласно потребата, односно додека не се заврши работата. Сепак, граѓаните треба да бидат свесни дека се работи за голема општина и не може да се стигне насекаде едновремено. Од наша страна, можеме да ветиме дека заложбите за одржување на јавната чистота ќе продолжат и понатаму, стои во одговорот на општината.

 

Од друга страна, граѓаните се револтирани, неискосената трева, велат не само што ја руши естетиката на населбата, туку претставува и закана од змии и крлежи.

 

 

 

 





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.