Искршени фонтани и детски реквизити- кога ќе бидат заменети со нови?

Убавото време ги наполни детските паркови и игралишта, кои за жал на многу локации во Скопје, се искршени и опасни за употреба. Многу често можат да се забележат искршени лизгалки, лулашка и клацкалки.

 

Со цел обезбедување на соодветни услови за престој на децата, дел од општините започнаа проект за обнова на детските игралишта. Досега се реконструирани неколку игралишта во општина Кисела Вода, а во дел од нив покрај санацијата на постоечките реквизити поставена е нова урбана опрема и нови лулашки за деца.

 

Во моментов во тек се активности за фарбање на реквизитите на детското игралиште и урбаната опрема до Средното економско – правно училиште, „Васил Антевски – Дрен".

 

Од општината најавуваат целосна обнова на сите детски и спортски игралишта, и апелираат до граѓаните за одговорно однесување, за зачувување на урбаната опрема и омилените игралишта на најмладите.

 

Но, не само детските реквизите, во лоша состојба се и чешмите и фонтаните низ општината. Од општина Кисела Вода велат дека тоа е резултат на несовесното однесување на некои граѓани кои и покрај сите апели и засилените инспекциски контроли, постојано ги вандализираат и уништуваат. Од општината информираат дека во тек е акција за нивна темелна репарација, по што, ќе бидат пуштени во употреба. Првите чешми и фонтани во употреба ќе бидат пуштени уште утре, додека останатите во текот на наредните денови, информира за Прва скопска портпаролот на општина Кисела Вода, Јанко Бацарија.

 

 





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.