Во Кисела Вода одбележан Националниот ден на Унгарскиот народ

По повод одбележувањето на Националниот ден на унгарскиот народ секретарот на Општина Кисела Вода, Александар Алексовски и неговата екселенција Ласло Дукс, Амбасадор на Република Унгарија во Македонија положија цвеќе пред спомен плочата на големиот унгарски поет и еден од водачите на Унгарската револуција од 1848 година, Шандор Петефи.

 

Општина Кисела Вода во соработка со Амбасадата на Унгарија и Здружението на унгарците „Теледом", неодамна распиша конкурс за истражувачка дејност на следните две теми: „Животот и делото на Лајош Кошут" и „Историјат и значење на унгарската света круна".

 

На конкурсот право на учество имаа сите ученици од општинските основни училишта до 10 - годишна возраст. За учество на истиот учениците претходно подготвија трудови во пишана форма (есеи, раскази и поезија), како и видео презентации. Изборот на најдобри литературни творби и видео презентации го направи комисија од Општината.

 

Секретарот Александар Алексовски, амбасадорот Ласло Дукс и претседателот на Здружението на унгарците во Република Северна Македонија, Јожеф Шутуш на учениците кои подготвија најдобри литературни дела им доделија дипломи, додека на нивните ментори и останатите учесници им доделија благодарници.

 

На настанот присуствуваа Горан Петковски, шеф на кабинет на градоначалникот Филип Темелковски, Зоран Ацевски и Дарко Филиповски, членови на Советот на Општина Кисела Вода.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.