Поставени нови канти за селектирање на отпад во Кисела Вода

Општина Кисела Вода, во соработка со ЈП „Комунална хигена“, на повеќе локации на својата територија денеска постави нови канти за селектирање на отпад, стакло и пластика.

 

Кантите се донација од „Пакомак“- Друштво за управување со пакување и отпад од пакување. Минатата година, Општина Кисела Вода во соработка со друштвото, во своите простории постави пластични канти за селекција на пластика со цел селекцијата на отпадот да почне од работните простории на вработените.

 

– Како досега така и во иднина ќе продолжиме да работиме во насока на зачувување на животната средина и апелираме до граѓаните за почитување на Законот за јавна чистота, како би придонеле за почиста Кисела Вода, велат од општината.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.