Општина Кисeла Вода додели нови 37 ваучери за новороденчиња

Секретарот на Општина Кисела Вода, Александар Алексовски денеска додели нови 37 ваучери за новороденчиња, од кои 16 се за женски деца и 21 за машки.

 

Општината еднократната парична помош која е во висина од 6.000 денари ја доделува со цел да им излезе во пресрет за првичните потреби на семејствата кои имаат принова и се со адреса на живеење на нејзината територија, соопшти прес-службата на општината.

 

За добивање на ваучер заинтересираните потребно е да поднесат барање и со него да достават на увид важечки лични карти или други исправи за лична идентификација, извод од матична книга на родените за новороденчето и фотокопија од трансакциона сметка.

 

Барањата треба да се поднесат во рок од 90 дена од моментот на раѓање на детето, стои во соопштението од опшптината. 





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.