Се обновуваaт санитарните јазли во ООУ „Кузман Шапкарев"

 

Интензивно тече санацијата на санитарните јазли во ООУ „Кузман Шапкарев" во населбата Драчево што почна во втората половина на јануари годинава.

 

Градежните активности  во училишниот објект санација на осум санитарни јазли со преку 30 тоалети.

 

-Се работи за дел од проектот на МОН за изведба на рехабилитација на тринаесет училишта и треба да финишира за најмногу шест месеци. Во текот на минатата година во ова училиште беше поставена термоенергетската фасада, на површина од 3.141 м2, а делумно беше заменета и кровната конструкција, соопштија денеска од општината Кисела Вода.

 

Во  ООУ „Кузман Шапкарев" настава посетуваат 660 ученици, а училишниот објект датира од 1971 година.

 

.be

 

 





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.