Од денеска еко канал на веб-страницата на Општина Кисела Вода

Еко канал од денеска почнува да функционира на веб-страницата на Општина Кисела Вода. Ќе понуди едукативни текстови поврзани со заштитата и унапредувањето на животната средина, справувањето со еколошките ризици, заштитата на природата, водите почвата, управувањето со отпадот, аерозагадувањето, климатските промени….

 

Ќе можат да се добијат и известувања за конкретните активности на Одделението за заштита на животната средина при општина Кисела Вода кое е во рамки на Секторот за комунални работи, инфраструктура и сообраќај.

 

– Содржините кои од денеска ќе ги нуди овој еко канал се почетна платформа за неговиот планиран лик и функционалност. Се надеваме дека преку соработката со другите надлежните институции од областа на животната средина, како и преку бројните предлози и идеи од граѓаните ќе прерасне во информативна самостојна веб-страница како за жителите на општина Кисела Вода, така и за жителите на Скопје, се вели во соопштението од општина Кисела Вода.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.