Општина Кисела Вода оваа година додели 440 ваучери за новороденчиња

Во пресрет на новогодишните празници денеска секретарот на Општина Кисела Вода Александар Алексовски додели 98 ваучери за новороденчиња, од кои 54 за машки и 44 за женски деца, соопштија од општината.

 

Наведуваат дека со тоа од почетокот на 2018 досега општината има доделно вкупно 440 ваучери.

 

– Оваа еднократната парична помош која е во висина од 6.000 денари ја добија семејствата кои имаат принова и се со адреса на живеење на територијата на локалната самоуправа, посочија од Општина Кисела Вода. 





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.