Промовирана иновативната платформа „Take green action“

За справување со еден од најголемите предизвици во Скопје, аерозагадувањето, потребен е инклузивен пристап и сите да се вклучат во планот за чист воздух што е донесен, бидејќи секој е важен и може да придонесе во таа борба, изјави денеска Јани Макрадули, заменик министер за животна средина и просторно планирање.

 

-Уништивме премногу дрва, а иднината за децата треба поинаква да ја оставиме, рече Макрадули на промоцијата на иновативната платформа „Безбедна животна средина во локалната заедница-Take green action“ во Општина Кисела Вода.

 

Градоначалникот на општината, Филип Темелковски, посочи дека во изминатиот период заедно со Факултетот за земјоделски науки и храна, Кариерниот центар и ЕКО Волонтерскиот клуб Опитно поле и ДУРДМОВ „Димитар Влахов“ потпишале меморандуми за соработка за безбедна животна средина.

 

-Како резултат на потпишаните меморандуми го организираме овој настан, со кој ги промовираме Иновативно-креативната платформа „Безбедна животна средина во локалната заедница“ и почетокот на кампањата Зелен лист- воздух чист, ајде да садиме здрава, зелена и органска иднина да градиме, појасни Темелковски.

 

Во ноември минатата година беше формирана иницијатива за поинтензивно реализирање на платформата Градиме здрава, зелена и органска иднина, што парцијално се спроведува од 2015 година.

 

Настанот беше заокружен со засадување на овошен парк во Еколошко едукативната градина на училиштето „Димитар Влахов“.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.