Ваучери за новородените дечиња од општина Кисела Вода

Секретарот на Општина Кисела Вода, Александар Алексовски  денеска подели 65 нови ваучери за новородените дечиња од општината.

 

Имено, како што известуваат од општината, еднократна парична помош во висина од шест илјади денари се доделува на семејства кои живеат на територијата на општина Кисела Вода.

 

За добивање на истата, семејствата кои имаат принова, заедно со барањето треба да достават на увид важечки лични карти или друга исправа за лична идентификација, извод од матична книга на родените за новороденчето, како и фотокопија од трансакциска сметка.

 

Рокот за поднесување на барањата е 90 дена, од моментот на раѓање на детето.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.