Општина Кисела Вода упатува повик до граѓанскиот сектор

Општина Кисела Вода на средба која е закажана за в четврток ги повикуваат сите невладини здруженија, граѓански организации и здруженија, културно-уметнички друштва, а целта е да се слушнат барањата и потребите на овие субјекти, за истите да можат да бидат испланирани и вклучени во Буџетот за 2019 година, кој во моментов е во подготовка.

 

Општината упатува повик и до сите спортски субјекти лоцирани на оваа територија, клубови, здруженија, организации, да ги презентираат своите потреби и барања пред градоначалникот Темелковски, бидејќи, како што е планирано, во Буџетот ќе бидат издвоени средства за унапредување и развивање на спортот, како еден од приоритетите на оваа локална самоуправа.

 

Од општината информираат дека веќе е завршен циклусот посети на сите месни и урбани заедници на градоначалникот Темелковски и неговиот тим, на кои граѓаните имаа можност директно да ги истакнат своите желби, барања и проблеми што се под ингеренции на локалната самоуправа, а со цел навремено да се интервенира за нивно решавање.

 

Идеите, предлозите и реалните барања презентирани на средбите, наведуваат во соопштенето, се ставени на листата со приоритети на општината и ќе бидат темел при формирањето на Буџетот за 2019 година.

 

.be





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.