Општина Кисела Вода ќе го плаќа обезбедувањето на училиштата и учениците

Општина Кисела Вода ги презема трошоците за физичко и патролно обезбедување на учениците и објектите. Претходно, оваа обврска беше на товар на родителите.

Како што наведуваат преземањето на оваа обврска од страна на општината има за цел намалување на трошоците на училиштата и искористување на средствата во други цели кои ќе овозможат подобрување на условите за учениците и вработените во истите.

Имено, локалната самоуправа по претходно спроведена постапка за јавни набавки, ја избра Агенцијата за обезбедување „Бранител", која од денеска па се до истекувањето на договорот до 31.08.2019 година ќе врши 24 часовно обезбедување на објектите.

– Благодетите од обезбедувањето во сите 13 училишни објекти (централни и подрачни) ќе ги уживаат вкупно 5280 ученици, како и вработените во нив, стои во соопштението.

Физичкото обезбедување од понеделник до петок, во временскиот период од 07:00 – 17:00 часот ќе го врши по едно лице во објект. Додека, за време на викендите, во сабота и недела, во периодот од 00:00 -24:00 на објектите ќе се врши патролно обезбедување со минимум 10 обиколки на растојание  од минимум два часа. Покрај ова, објектите ќе бидат безбедни и во периодот на зимскиот и летниот распуст на учениците.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.