Заврши есенската акција за чистење на Пинтија и Стаклара – Камник

Во месните заедници Пинтија и Стаклара – Каменик, општина Кисела Вода финишираше со есенската акција за чистење на својата територија.

 

Со оваа акција, во овие месни заедници извршено е целосно расчистување на сметот. Се чистеа тротоарите, улиците и тревните површини кои се под надлежност на локалната самоуправа, соопштуваат од општината.

 

Покрај ова, скастрени се сувите гранки на дрвјата и грмушките, а воедно, се собираше и кабаст отпад. Во акцијата собрани се пет тони смет.

 

Општина Кисела Вода од почетокот на есенската акција за чистење која започна на почетокот на септември, активности за чистење на сметот спроведе на сите јавни површини кои се под нејзина надлежност, во сите месни и урбани заедници. Во  оваа акција собрани се над 50 тони смет и кабаст отпад.

 

Локалната самоуправа во периодот што следува ќе продолжи со редовни активности за расчистување на сметот на својата територија.

 

Општината апелира до граѓаните за почитување на Законот за јавна чистота, како би придонеле за почиста и поубава Кисела Вода.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.