Околу 3.900 шахти се дератизираа од штетни глодари во Кисела Вода

Општина Кисела Вода заврши со есенска дератизација за уништување штетни глодари на својата територија. Беа опфатени 3863 шахти, во сите месни и урбани заедници.

-Работните активности на терен ги изврши фирмата „Токси вет", во соработка со ЈП „Водовод и канализација", преку Секторот за комунални работи, инфраструктура, сообраќај и заштита на животната средина, соопшти Општина Кисела Вода.

Акции за уништување на штетните глодари локалната самоуправа  спроведува двапати годишно, напролет и наесен.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.