Се расчистува сметот во месните заедници Припор и Усје
- Детали
- Категорија: Кисела Вода
- Создадено: 09 Октомври 2018
Во рамки на есенската акција за чистење во општина Кисела Вода се расчистува сметот во месните заедници Припор и Усје.
Од општина Кисела Вода информираат дека во овие месни заедници се врши расчистување на сметот на сите јавни површини, се чистат тротоарите, улиците и тревните површини.
Со акцијата опфатено е кастрење на гранките на дрвјата и грмушките. Се одвиваат и активности за собирање кабаст отпад. Вклучени се 20 сезонски работници и еден камион.
Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk
Можеби ќе ве интересира:
Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс