Во Кисела Вода спортски активности и хепенинг за Европската недела на мобилност

Во паркот Шопен во Општина Кисела Вода денеска се одржаа спортски активности и ликовен хепенинг со ученици од основните училишта  во оваа општина. 

 

Активностите ги проследија градоначалникот на Општина Кисела Вода, Филип Темелковски и директорот на Агенцијата за млади и спорт, Дарко Каевски. На ликовниот хепенинг кој се одржа во рамки на „Европската недела на мобилност“, Темелковски и Каевски разговараа со дечињата, се интересираа за цртежите кои ги сликаа на тема „Скопје град без возила“.

 

Покрај ова, во паркот Шопен по повод одбележувањето на  „Европската недела на спортот“ се одржаа и спортски активности на кои учениците ги покажаа своите спортски вештини. Дечињата  имаа можност да спортуваат, да се запознаат и да се дружат со познатите македонски спортисти, Елена Бубало, Мартин Стефановски, Даниел Трбогазов, Филип Василевски, Марија Ѓурчиновска и Жарко Батиќ.

 

Во исто време, полициски службеници од СВР Скопје, одделение за превенција и Полициска станица Кисела Вода, на присутните и на минувачите во паркот, им поделија реквизити и флаери со едукативна содржина. Од страна на полицијата, граѓаните имаа можност да добијат совети за заштита од кражби, како и важни правила за безбедно и одговорно возење.

 

 





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.