Акција „Македонија без отпад 2018 година" во општина Кисела Вода

Со реализација на акцијата „Македонија без отпад 2018 година“ во општина Кисела Вода земјава се вклучи во одбележувањето на Светскиот ден на чистење, но со неа се прави и обид да се подигне јавната свест.

Заменик-министерот за животна средина и просторно планирање Јани Макрадули пред почетокот на акцијата истакна дека таа, покрај тоа што ќе придонесе да се исчистат одредени површини има за цел да ја подигне јавната свест и потсети за одговорноста на сите нас во сочувувањето на нашата планета.

Активностите за собирање на отпадоците се одвиваа на две локации, на трим патеката покрај пругите во Кисела Вода, како и под мостот на булевар Србија.

Вработените во општина Кисела Вода заедно со граѓаните активно се вклучија  во активностите за чистење на отпадоците.

Воедно, со поддршка од Министерството за образование и наука и Општина Кисела Вода дел од глобалната/национална акција за чистење на отпадоците беа и учениците и наставниците од сите основни училишта кои се под надлежност на локалната самоуправа.

Глобалната акција за чистење е иницирана е од движењето „Let ’s Do it! World“ кое од 2008 година им помага на владите, општините и компаниите да го исчистат отпадот во своите земји.

Општина Кисела Вода претходно ги информира граѓаните за Светскиот ден за чистење, со тоа што ги повика да мапираат локации на кои има нелегални диви депонии на отпад, како би помогнале за поголема успешност на претстојната акција за чистење.

Националната акција за чистење на отпадот се организира со  целосна поддршка и од Владата на Република Македонија.  

На почетокот на акцијата присуствуваше и градоначалникот на општина Кисела Вода, Филип Темелковски.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.