ОУ „Кирил Пејчиновиќ“ ќе добие нова енергетски ефикасна фасада

Нова енергетски ефикасна фасада ќе добие основното училиште „Кирил Пејчиновиќ“ во општината Кисела Вода во Скопје. Со новата фасада ќе се обнови целосно изгледот на училиштето и ќе се овозможи заштедa на енергија од околу 30 отсто, од досегашните трошоци за оваа намена.

 

Донацијата во износ од пет милиони денари за новата фасада ја обезбедува Цементарница УСЈЕ АД Скопје, во соработка со општината Кисела Вода.

 

 

Проектот „Партнерство со училиштата“ почна да се реализира од 2010 година за поддршка на државните училишта во општината Кисела Вода. Целта на проектот е подобрување на безбедноста и здравјето и еколошките услови во нив. Со активностите во рамките на овој проект опфатени се осум основни училишта, едно училиште за деца со посебни потреби и две градинки лоцирани во четири различни објекти со 6650 деца и 671 вработени, на територијата на општината Кисела Вода.

 

Во основните училишта на територија на Општина Кисела Вода првпат во училишните клучи седнаа 627 првачиња.

 

Првиот училишен ден, соопшти општината, e воедно и прв ден од “Неделата за безбедност во сообраќајот”. Овој проект го спроведуваат заедно општина Кисела Вода, одделението за превенција при СВР Скопје, како и ПСОН Кисела Вода и ПСОН Драчево. Во рамки на истиот, дечињата и нивните родители, но и возачите кои сообраќаа пред училиштата добија едукативни летоци со совети за безбедно учество во сообраќајот.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.