Создадена е првата еко-занимална во Карпош (ВИДЕО)

Клацкалки од еко – материјали, клупи за седење, импровизиран бунар, масичка за X/0 и „не лути се човече“, како и новозасадено зеленило се содржини кои се дел од првата еко – занимална во Карпош, во рамки на детската градинка „Орце Николов“ во Карпош 3, информираат од општината.

Станува збор за уредена зона на отворено, која можат да ја користат децата и воспитниот кадар. Во рамки на еко – занималната креирана е и градина, во која се одгледуваат најразлични билки.

 

Оваа занимална е создадена од воспитниот и административниот кадар на градинката, со поддршка и од децата, родителите, директорката Надица Гировска, како и од општина Карпош.

Во посета на градинката беше градоначалникот Стефан Богоев, кој не го криеше своето задоволство од создавањето на овој креативен простор за потребите на најмладите:

 

 

 





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.