Реконструиран главниот конак на Св. Пантелејмон

Завршија реставраторските и конзерваторски работи на главниот конак во манастирскиот комплекс Свети Пантелејмон, во Горно Нерези, информираат од Општина Карпош.

 

Општина Карпош целосно ја обнови столаријата и внатрешно го уреди конакот. Заврши реконструкцијата на подот, на тоалетите, а се направи и замена на прозорите. Исто така, поставен е и нов систем за противпожарна заштита и електрична инсталација.

 

На овој начин, целосно се врати во функција главниот конак на овој манастирски комплекс. Уште поважно е што истиот има автентичен и уникатен изглед, во духот на манастирската целина, имајќи предвид дека црквата Свети Пантелејмон е дел од нашето културно наследство која датира уште од дванаесетиот век.

 

За оваа инвестиција, Општина Карпош искористи средства од 6 милиони денари од Министерството за локална самоуправа – Биро за регионален развој. За оваа реконструкција, согласност даде и ресорното Министерство за култура.

 

Свети Пантелејмон е дел од националната туристичка мапа и со овој проект се придонесува кон негово заживување, со што станува уште поатрактивен за домашните и странски туристи.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.