Општина Карпош алармира за совесно фрлање на кабастиот отпад

Кабастиот отпад (застарен мебел, електричен и електронски отпад) граѓаните можат да го одложат во пунктот на ЈП „Комунална хигиена“ Скопје, во Карпош 3, долж булеварот „Илинден“, позади бензинската станица „Макпетрол“.

Овој пункт работи од 07:30 до 19:00 часот, секој ден и оваа услуга е без паричен надомест.

Кога станува збор за транспорт на кабастиот отпад и негово подигнување од домаќинството, граѓаните можат да контактираат со јавното претпријатие на 0800-222-33. Оваа услуга се наплаќа.

Општина Карпош ги потсетува сите граѓани, правилно и совесно да го одложуваат кабастиот отпад и истиот да не го фрлаат околу контејнерите за комунален отпад.

Сите информации и контакти во врска со одложувањето на отпадот се поставени на веб страната: https://bit.ly/3doq5py .





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.