Субвенции за фасади и за санација на покриви и лифтови во Карпош

Општина Карпош ги објави јавните повици за субвенционирање на енергетски ефикасни фасади, санација на покриви и постоечки лифтови на станбени згради.

 

Во врска со субвенционирањето на обнова на фасадите, поддршката од Буџетот на Карпош ќе биде во висина од 30% , но не повеќе од 600.000 денари од вкупниот износ на вредноста на инвестицијата.

 

Кога станува збор за санација на покриви, финансиската поддршка исто така ќе биде во висина од 30 отсто, не не повеќе од 150.000 денари, додека за санација на постоечки лифтови, ќе се субвенционира максимум до 200.000 денари.

 

Право на учество на јавните повици имаат сите заедници на сопственици или управители на станбени згради за колективното домување во Општина Карпош кои се евидентирани во регистарот на станбени згради во Општина Карпош, како заедници на сопственици или управители.

 

Локалната самоуправа го промени начинот на субвенционирање на ваков тип реконструкции и постапи по препораките од Државниот завод за ревизија.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.