Достава на храна и лекови во Карпош може да се врши за време на полициски час

Како резултат на новите одлуки од Владата во врска со коронавирусот, Општина Карпош ги известува сите фирми кои вршат достава на храна / лекови, а кои веќе имаат добиено известувања од Општината за вршење на дејност и во полициски час – дека истите и понатаму имаат важност (во тек на работната недела после 19:00 часот и за време на викендот).

Исто така, сите други компании кои сакаат да вршат достава на храна / лекови, а до овој момент не се пријавиле, да пополнат пријава и да ја испратат на мејлот на општината, најдоцна до 24-ти април (петок), до 11:00 часот.

Полицискиот час ќе започне во сабота од 15:00 часот и ќе трае до понеделник, до 05:00 часот.

Оттука, нерегистрираните земјоделци и гулабари, кои сакаат да вршат дејност за време на претстојниот викенд, да се пријават со име и презиме, живеалиште, локација каде ќе вршат дејност и во кој период од полицискиот час. Истите податоци да ги испратат најдоцна до 24-ти април (петок), до 11:00 часот.

Кога станува збор за активистите кои хранат бездомни животни, за претстојниот викенд, преку регистрираните здруженија треба да се пријават во Град Скопје, до петок (24.04) до 12:00 часот. Потоа, информациите ќе им бидат проследени до Министерството за информатичко општество и администрација, по што, на мејл ќе им биде испратена дозволата.

Истакнуваме дека сите нецелосни пријави и оние кои ќе бидат испратени по дадените рокови, нема да бидат земени предвид.

Општинскиот кризен штаб на Карпош продолжува со секојдневната комуникација со Полициската станица – Карпош, Градот Скопје, Државниот пазарен инспекторат и други ресорни институции.

Ги повикуваме сите граѓани да ги почитуваат правилата за движење во тек на полициски час, да носат заштитни маски и да не се собираат во групи. Исто така, секоја злоупотреба на дозволите за движење се санкционира.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.