Социјални пакети за 30 нови домаќинства од Карпош

Социјални пакети со прехранбени производи и средства за хигиена, во текот на вчерашниот ден беа поделени на 30 социјално загрозени домаќинства од Карпош. Оваа хуманитарна акција Општина Карпош ја организираше во соработка со Црвениот крст, чии волонтери ја извршија дистрибуцијата на пакетите со социјална помош.

Во текот на неделата, беа доделени и 50 социјални пакети со храна и средства за хигиена, кои беа донирани од компанијата „СМС Шопс ДООЕЛ“, што значи дека изминатава недела беше доделена поддршка за вкупно 80 домаќинства од Карпош.

„Ги повикуваме сите општествено одговорни компании да ја покажат својата хуманост, да донираат и да помогнат на најзагрозените категории граѓани“, се вели во соопштението.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.