Цистерни мијат и дезинфицираат улици во Карпош

Од денеска, четири цистерни активно работат на миење и дезинфекција на улици и фреквентни локации низ Карпош.

Се мие и дезинфицира пред маркети, аптеки, банки и други места, каде што е забележано поголемо присуство на граѓани.

Покрај двете цистерни на Општина Карпош, на терен мијат и дезинфицираат и цистерните на фирмите „Анизор“ и „Гранит“. Станува збор за една четири тонска и една седум тонска цистерна, кои се резултат на општествена одговорност на овие компании.

Денеска, се миеја и дезинфицираа улици и фреквентни локации во Карпош 3, Карпош 4, Бардовци, Злокуќани, Бардовци и Тафталиџе (кај пазарчето).

Локалната самоуправа продолжува со секојдневните активности за унапредување на јавната хигиена и заштита на граѓаните од коронавирус.

Ги повикуваме сите граѓани, да ги почитуваат препораките од ресорните институции, да избегнуваат собирање во големи групи и движење во затворени простории.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.