Уништена опремата околу соларното дрво на кејот на Вардар

Уништена е дел од опремата околу соларното дрво на Кејот на Вардар. Скршен е ормарот во кој се сместени уредите, при што е украдена внатрешната опрема и батериите за работа на ова соларно дрво  (полнење на електрични тротинети и други е – уреди).

 

Овој вандалски чин е направен во текот на викендот, а штетата изнесува околу 120 илјади денари.

 

Во изминатиот период сведоци сме на свесно уништување на новопоставената урбана опрема во Општина Карпош, крадење на украсни растенија и новозасадени дрвја.

 

Општина Карпош бара одговорност за сторителите и ги повикува надлежните институции да преземат мерки за санкционирање на овие вандалски чинови.

 

Најголемиот дел од уништените добра се набавени со пари на граѓаните – буџетски средства и затоа треба сите да бидеме одговорни и свесни за тоа што го правиме.

 

Деструктивните активности имаат за цел да креираат слика на нефункционалност на локалната самоуправа, но штетата што се прави е колективна.

 

Ништо нема да не поколеба во намерата да продолжиме да работиме за Карпош кој оди напред, со нови идеи и енергија, а не со вандализам и деструкција.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.