Нова сензорна соба за учениците со попреченост во Карпош

Во рамки на Деновите на Општина Карпош, основното училиште „Вера Циривири – Трена“ денеска доби уште еден исклучително важен простор - нова сензорна соба за учениците со попреченост.

 

Станува збор за просторија во која учениците со попреченост ќе можат да поминат одреден период од денот, во случај да имаат проблем со следење на наставниот процес.

 

Оваа сензорна соба е опремена со посебни реквизити, материјали и сензорно осветлување кое има смирувачко дејство врз учениците.

 

Просторијата е прилагодена и има дидактички материјали за сите ученици, со цел да се постигне инклузија и нивно вмрежување.

 

При денешната посета, градоначалникот на Општина Карпош, Стефан Богоев истакна дека локалната самоуправа ќе продолжи да работи на сеопфатно и инклузивно основно образование: 

 

Во финална фаза е и нова сензорна соба и во ООУ „Лазо Трповски“, во Карпош 3.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.