Заврши меѓународниот турнир во пливање „13 Ноември“ во Карпош

Вчеравечер, во базенот кој функционира во состав на Спортскиот центар „Борис Трајковски“ се одржа осмото издание на Меѓународниот турнир во пливање „13 Ноември“.

 

Станува збор за традиционален спортски настан, кој се организира во пресрет на одбележување на Денот на ослободувањето на Скопје.

 

Натпреварувањето го организираше пливачкиот клуб „Бета Шаркс“, со овогодинешна поддршка од Општина Карпош. На дводневниот пливачки турнир учествуваа натпреварувачи од земјава, соседните држави и регионот.

 

Турнирот започна со трка на лица - деца со попреченост, кои само уште еднаш потврдија дека спортот не познава граници и бариери. Потоа продолжија натпреварувањата и во другите дисциплини, а Богоев ги додели медалите и дипломите за најуспешните.

 

 





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.