Реконструкција на подот во спортската сала во училиштето „Владо Тасевски“

Целосно е реконструиран подот во спортската сала во училиштето „Владо Тасевски“. Исто така, обновени се и страничните спортски реквизити и кошовите.

 

 

После долги години, учениците од ова училиште во Козле можат во достоинствени услови да спортуваат, а наставниците да одржуваат настава по Физичко образование.

 

Подот во салата беше во навистина лоша состојба и беа оневозможени тековните спортски активности. Денеска, поставена е нова, гумирана подлога која овозможува поголема сигурност за учениците и наставниот кадар.

  

Дел од санациите по училиштата се одвиваа за време на летниот распуст, а останатите се спроведуваат и во текот на учебната година, за време на викендите или по завршување на наставата, информираат од општината.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.