Натпревар меѓу здруженијата на пензионери во Карпош

На игралиштето на ФК „Локомотива“ се одржаа Пензионерските игри 2019. 

 

Станува збор за еднодневен настан, натпреварување меѓу здруженијата на пензионери на територија на Карпош.

 

Највозрасните наши сограѓани се натпреваруваа во повеќе спортови, но и го искористија настанот за меѓусебна дружба.

 

Пензионерите имаа можност да се сретнат и со градоначалникот на Општина Карпош, Стефан Богоев.

 

Тој им посака успешни игри, пришто напомена дека локалната самоуправа и во претстојниот период рамноправно ќе се грижи за сите категории на граѓани.

 

 

 





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.