Повеќе одлуки од денешната седница на Советот на Општина Карпош

Кошаркарскиот клуб „ СПАРТА “ ќе добие финансиска поддршка од 300.000 денари, а шаховскиот клуб „ ГАМБИТ АСЕКО СЕЕ“ ќе добие 100.000 денари со денешната одлука на Советот на Општина Карпош.

 

Исто така, членовите на Советот изгласаа финансиска поткрепа на полицискиот клуб за боречки спортови „ 7 Мај ТИГАР“ во износ од 40.000 денари, како и финансиски со сума од 100.000 денари ќе се поддржи реализацијата на проектот „Меѓународен пливачки натпревар 13 Ноември“ организиран од клубот „ БЕТА ШАРКС“.

 

На оваа седница помина и Одлуката за давање на согласност за промена на корисникот на електричните броила во општинските основни училишта на територијата на Општина Карпош.

 

Изменување и дополнување со „виза“ од советниците на Карпош, доби и Програмата за активностите на Општина Карпош во областа на еднаквите можности меѓу жените и мажите за 2019 година, кои пак дополнувања се операционализираа во Одлука за објавување на оглас за реализација на проекти од областа на еднакви можности на жените и мажите за 2019 година. Практично на овој начин се зголемува партиципативното учество на граѓаните, физичките и правните лица, како и невладиниот сектор и здруженијата на граѓани во креирање на политики и активности во сферата на родовата еднаквост и почитувањето на човековите права и слободи во сите домени, на територијата на Општина Карпош.

 

Членовите на Советот го одобрија и Решенијата за верификација на мандатите на членовите на училишниот одбор на ООУ „Вера Циривири Трена “, „ Јан Амос Коменски“, како и на ООУ „Димо Хаџи Димов “, „Војдан Чернодрински “ и на училиштето „ Братство“.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.