Во Влае 2 наскоро инклузивно детско игралиште

Во завршна фаза е изведбата на првото инклузивно детско игралиште, непосредно до платото „Делфина“, во Влае 2.

 

Поставена е гумираната подлога, а се поставуваат и детските реквизити. Ова игралиште ќе можат да го  користат и децата со попреченост, затоа што сите реквизити се соодветно прилагодени за нивна безбедна употреба. Игралиштето се простира на површина од 450 квадратни метри, а се поставуваат следниве реквизити: двојна клацкалка, детска двојна лулашка, лулашка за лица со инвалидска количка, специјален кош, мини инклузивен базен за играње со песок на стоење, инклузивен базен за играње со песок на седење (2), мини багерче за копање во базен, вртелешка и детско катче – замок.

 

Во рамки на инклузивното игралиште ќе се постават и клупи за седење, корпи за отпадоци, а во околниот дел ќе се засади и ново зеленило (украсни грмушки).

 

За овој проект, локалната самоуправа доби грант од 50.000 евра од Швајцарската агенција за соработка и развој.

 

Донатор на овој проект е Министерството за локална самоуправа и Швајцарската агенција за соработка и развој, а истиот беше спроведен преку Центарот за развој на Скопски плански регион.

 

Општината продолжува да работи на хуманизација на јавниот простор, на создавање на зони кои ќе можат да ги користат сите граѓани.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.