Карпош ќе добие спортско адреналински парк

На „Алпинистичката карпа“ долж Кејот на реката Вардар викендов се одржа 9. Балканско првенство за деца во качување на вештачка карпа – „Атомска мравка“.

Меѓународната манифестација каде што се натпреваруваа повеќе од 150 деца од седум различни земји, ја организираше спортско качувачкиот клуб „Карпош“, со поддршка од Општина Карпош, Град Скопје и Македонската спортско качувачка федерација (МСКЧ).

-Станува збор за олимписки спорт кој е во подем и во нашата земја. Потврда за тоа е и големиот број на учесници од нашата држава, кои покажаа одлична физичка и психичка подготвеност при искачувањето на карпата, соопшти Општина Карпош.

Како што најавил градоначалникот на Карпош, Стефан Богоев, кој присуствувал на настанот, следниот месец ќе започне изведба на нов спортско – адреналински парк, којшто ќе се простира токму на овој потег.

-Во рамки на проектот, целосно ќе се реконструира скејт паркот, ќе се санира и вештачката карпа, а просторот дополнително ќе биде збогатен со нови терени за фудбал и одбојка на песок, адреналински дел, детско игралиште, сквер и многу повеќе зеленило. Овој дел ќе биде меѓу најатрактивните спортско – рекреативни зони во нашиот град.Во разговор со претставниците од МСКЧ, градоначалникот вети дека при санацијата на карпата ќе се земат предвид и нивните стручни забелешки и сугестии, со цел, на вистински начин да се подобрат условите за овој спорт, велат од општина Карпош.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.