Стипендии за талентирани спортисти-основци од Карпош

Општина Карпош  и оваа година одвои од својот буџет средства за  стипендирање на талентирани спортисти и ученици, одлуката за новно стипендирање ја одобри и Советот на локалната самопуправа. Вкупно  14 ученици - апликанти  од основните училишта во Карпош, осмо и деветтоодделенци,  добија спортски стипендии за учебната 2019/2020 година.  Филип  Дочиноски ( 9-то одд.), од „ Христијан Тодоровски Карпош“ во кошарка  доби стипендија од 3.000 денари, како и  осмоодделенецот-кошаркар    Карло Димевски од ООУ „ Владо Тасевски“  ја доби  истата сума.   Осмоодделенците  од „ Владо Тасевски “ Марио Џон  и  Никола Шашков,  како и  осмоодделенецот  Петар Цонковски од „ Војдан Чернодрински“, во  спортската категорија бадминтон исто така се стипендирани со по 3.000 денари.

 

Пливачките  Калина Стојановска ( 9-то одд)  и  Јана Милковска ( 8 одд),   од „ Димо Хаџи Димов“ ,   се  стипендирани основци-карпошани со по 3.000 денари месечна стипендија.

 

 Одбојкарката   Фани Поповски  ( 9 одд), од „ Владо Тасевски“, фудбалерот Андреј Данчевски ( 8 одд) од „ Лазо Трповски“, како и атлетичарката  Снежана Туневска од „ Јан Амос Коменски“, добија стипендија по 3.000 денари.

 

Стипендирани со по 2.000 денари месечен износ се  деветтоодделенките  Теона и Леона Топаловска од ООУ „ Петар Поп Арсов“ во спортската категорија борење и Павле Стојчевски од „Вера Циривири Трена“ категорија пливање.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.