Изложба на електрични и хибридни возила во Карпош

Во знак на одбележување на Европската недела на мобилност, Општина Карпош денеска во комплексот на техничките факултети организираше настан „Електромобилност 2.0“, на кој беа изложени електрични и хибридни возила, и други алтернативни превозни средства.

 

Градоначалникот на Општина Карпош, Стефан Богоев, кој присуствуваше на настанот, рече дека како локална самоуправа, со поставување на првото „соларно дрво“ направиле исчекор во сферата на електромобилноста.

 

Тој посочи и дека подготвиле брошура „План на активности за одржлива урбана мобилност на Карпош“, што ги детектира проблемите со кои се соочуваат граѓаните, но и идните активности и мерки на Општината.

 

-Потребно е значително да работиме на подобрување и прилагодување на инфраструктурата, тротоарите, патеките, за сите учесници во сообраќајот, како и за лицата со попреченост, рече Богоев.

 

Што се однесува до јавниот транспорт во Градот Скопје, Никола Наумовски, шефот на Кабинет на градоначалникот на Град Скопје, на настанот појасни дека наскоро, главниот град ќе ги добие првите автобуси на гас, кои ќе го олеснат транспортот на граѓаните, а притоа ќе се придонесе и во заштитата на животната средина. Настанот е организиран од здружението „Електромобилност“.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.