Нов паркинг простор во Тафталиџе 1

 Општина Карпош започна со изградба на нов паркинг простор на улицата „Варшавска“ бр. 4, во Тафталиџе 1.

 

Општина Карпош соопшти дека станува збор за површина што повеќе години беше руинирана и граѓаните беа приморани да паркираат во кал и прашина и оти со асфалтирањето на овој простор, ќе се спречи и дополнително загадување на населбата.

 

 

Исто така, во текот на летниот период локалната самоуправа ќе изврши и целосна реконструкција на улицата „Варшавска“, на потегот од кружниот тек кај гимназијата „Георги Димитров“ до булевар „8 Септември“.

 

Од општината апелираат до сите граѓани кои живеат во овој дел од Карпош, во текот на наредните денови своите возила да ги паркираат на друга локација, со цел непречено и навремено завршување на градежните активности за изведба на паркинг просторот.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.