Ново зеленило долж булеварот „8 Септември“

Уреден е нов „зелен коридор“ долж булеварот „8 Септември“, на потегот меѓу булеварите „Партизански одреди“ и „Митрополит Теодосиј Гологанов“.

 

Како што информираат од општина Карпош, зголемувањето на зеленилото на овој потег го направиле екипите на Град Скопје, кои изминатиов период уредиле повеќе јавни зелени површини во различни делови од градот.

 

– Општина Карпош во изминатиот период дополнително ги раззелени и дел од платоата во Карпош како: „Делфина“ во Влае 2, кај фонтаната во Карпош 3, платото на Млечен и Педагошка, наведуваат во соопштението од општината.

 

Оттаму информираат дека во текот на пролетта биле засадени 287 нови дрвја во Карпош, во различни урбани заедници, а се работи и на зголемување на видовите на механизација за одржување на јавните површини.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.