Почна да работи новата градинка во Бардовци

Во Бардовци почна да работи новиот објект на градинката „Распеана младост“, клонот „Виножито“.

 

Новиот објект „Виножито“ е финансиран со грант од Светска Банка во износ од 120.000 евра, додека Општина Карпош учествуваше со 321.957 евра буџетски средства.

Градинката е на површина од 465 метри квадратни и со капацитет за згрижување на 78 деца и дечињата ќе имаат можност да бидат згрижени во подобри услови, со нови дидактички материјали и еко – играчки.

 

При денешната посета, градоначалникот Стефан Богоев посочи дека општината опстојува на определбата за развој на периферните делови на Карпош, а овој капитален проект е потврда за тоа:

– Ова е втор нов објект на градинка за краток временски период во Карпош, имајќи предвид дека во декември 2018 го отворивме и новиот објект „Јасмин“, во состав на градинката „Мајски цвет“, во Тафталиџе 2. Нашата намера е да се зголеми опфатотот на деца кои одат во предучилишно образование, рече Богоев.

 

Министерот за финансии, Драган Тевдовски посочи дека Владата на Република Северна Македонија за 300 отсто ги зголемила средствата за вложување во градинки. Тевдовски го поздрави учеството на општината за финансирањето на овој значаен проект, со кои се подобруваат локалните услуги и се зајакнува детската заштита.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.