Преработка на сувите гранки за живеалишта во Зоолошката градина

Општина Карпош со својата механизација сите собрани суви гранки од денеска ќе ги носи во Зоолошката градина – Скопје, каде што ќе бидат преработувани и повторно искористени за создавање на подлога на животните – мајмуните.

 

Со ваквиот начин на постапување со отпадот, Општина Карпош и практично станува пример за правилна обработка на отпадот и негово повторно користење.

 

– Наместо сувите и скршени гранки да остануваат по јавните површини и парковите, истите ќе бидат преработени и ќе придонесат кон создавање на поприродна средина за живеење на мајмуните во Зоолошката градина, која територијално е под Општина Карпош, се наведува во соопштението од Општина Карпош.

 

Од таму велат дека овој позитивен пример, за преработка на суви гранки е практика во повеќе развиени земји. Од Општина Карпош информираат дека продолжуваат со интензивните активности за заштита на животната средина, како и правилно одлагање на отпадот за кој е одговорна локалната самоуправа. 

 

 

 





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.