Брендирање на локалите што се дел од „Мој Карпош-Моја картичка"

Општина Карпош започна со брендирање на сите локали и објекти на повеќе различни бизниси кои се приклучија кон „Мој Карпош – Моја Картичка", информираат од Општината.

 

Секој објект ќе добие налепница што ќе биде поставена на видно место на влезот на локалот или објектот, со цел граѓаните да бидат информирани за угостителските и други објекти во кои можат да купуваат и да добиваат услуги по пониски цени или да добијат друг вид на бенефиција.

 

– Картичката Мој Карпош веќе го привлече вниманието на голем број карпошани кои веќе ги уживаат придобивките на картичката. Граѓаните може да аплицираат за оваа картичка преку веб платформата www.mojkarpos.mk, како и во просториите на урбаните заедници, велат од Општината.

 

Картичката, како што наведуваат во соопштението, постојано се надградува и унапредува со цел да биде поблиску до крајните корисници, граѓаните и фирмите. 





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.