Општина Карпош ќе добие три нови сквера

Со усвојување на одлуката за воспоставување меѓуопштинска соработка меѓу Општина Карпош и Град Скопје за изработка на проектна документација, реализација и одржување на јавни површини, локалната самоуправа ќе добие три нови сквера на нејзината територија. Локациите дополнително ќе бидат утврдени.

 

Како што информира Општина Карпош, станува збор за комплетно урбано, хортикултурно и реквизитно уредување на новите скверови, со патеки и корпи за отпадоци.

 

Во соработка со Јавното претпријатие „Паркови и зеленило", три локации во Карпош дополнително ќе се раззеленат и облагородат. Булеварот „8 Септември", од двете страни на улицата, на аголот меѓу улиците „Љубљанска" и „Волгоградска" во урбаната заедница Карпош 4, како и просторот околу Драмски театар, во Карпош 2, ќе бидат хортикултурно уредени.

 

На денешната седница на Советот на Општина Карпош советниците ја изгласаа Одлуката за утврдување реонизација на основните училишта кои се наоѓаат на територијата на локалната самоуправа. Утврдена е и реонизација на градинките во Карпош. Членовите на Советот дадоа согласност за формирање комисија за прием на деца над капацитетот и утврдување на критериумите за прием на деца во четирите градинки во Општина Карпош: „Пролет", „Мајски цвет", „ Распеана младост " и „Орце Николов".





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.