Општина Карпош одржа инфо-сесија за картичките „Мој Карпош“

На денешната инфо-сесија, пензионерите од Општина Карпош се информираа за картичката за попусти и бенефиции во повеќе од 250 субјекти на територија на Карпош.

 

Попусти и бенефиции за жителите на Општина Карпош веќе даваат голем број на кафулиња, ресторани, аптеки, здравствени ординации…

 

– Богатиот маaлски живот и меѓугенерациската дружба секогаш биле карактеристични за Карпош. За жал, како резултат на брзото живеење подзаборавивме на овие моменти. Затоа, мојата цел е во овие клубови да доаѓаат и ученици, да остварат средба со вас, да реализирате работилница. И со оваа картичка успеавме да направиме соработка меѓу повеќе страни и да ги опфатиме буквално сите категории на граѓани, истакна градоначалникот на Општина Карпош, Стефан Богоев.

 

Од Општина Карпош информираа дека на средбата се разговарало и за проектот за „хумани патроли“, кој Општината го подготвува за повозрасните сограѓани.

 

– Всушност, лицата кои се под социјален ризик или не добиваат никаква грижа, ќе бидат посетени од страна на медицински тимови и социјални служби од Општината, со цел да им се пружи нега и здравствена заштита, посочија од Општина Карпош.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.