Нови паркови и зелени површини во Карпош

Повеќе делови од општина Карпош ќе бидат хортикултурно уредени, е договорено на денешната средба на градоначалникот Стефан Богоев и директорот на „Паркови и зеленило" Адријан Муча и оперативниот директор на претпријатието Игор Вељаноски.

 

Планирано е хортикултурно да се уреди потегот спроти хотелот „Карпош" на улицата „Шекспирова", да се  разубави делот околу Драмскиот театар и редот кај „Тинекс" маркетот во Карпош 2, ново зеленило ќе има на потегот долж булеварот „8 Септември", како и делот од спротива, а ќе се разубави и потегот на ул. Љубљанска, поточно, зеленилото спроти кафе барот „Чаптер".

 

– Имаме шанса да добиеме нови „бели дробови" не само за Карпош, туку за целиот град. Нашата намера е да започнеме со изведба на содржинскиот дел од паркот и веќе добивме грант од Светска банка за оваа намена, но потоа, целосно да го уредиме и продолжението на овој потег, за што ни е потребна поддршка од страна на ЈП „Паркови и зеленило" и градските власти, истакна градоначалникот Богоев.

 

На средбата станало збор и за изградба на Спортско – адреналинскиот парк кој ќе биде лоциран долж Кејот на Вардар, од вештачката карпа до бунарите на рeката Лепенец.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.