Се реконструира улицата „Бранислав Нушиќ“ во Карпош 1

Општина Карпош информира дека денеска се асфалтира улицата „Бранислав Нушиќ“ во урбаната заедница Карпош 1, на потегот од улицата „Гиго Михајловски“ до „Иван Аговски“.

 

– Фирмата ОСД „Кирил“ денеска асфалтираше делница од 315 квадратни метри, а во текот на утрешниот ден ќе продолжи реконструкција на другиот крак на улицата „Бранислав Нушиќ“, делот од „Иван Аговски“ до улицата „Никола Тесла“, се вели во соопштението од Општина Карпош.

 

Увид во градежните работи извршил градоначалникот на Карпош Стефан Богоев, заедно со претставници од Одделението за комунална инфраструктура.

 

Овие инфраструктурни активности на Општината се дел од буџетските програми за тековната 2019 година, а имаат за цел да ја зголемат безбедноста и да ја подобрат состојбата на сервисните улици.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.