Средба на градоначалникот Богоев со млади политички лидери од САД

Делегација на Американскиот совет на млади политички лидери, составена од седум млади луѓе кои политички се активни во Соединетите Американски Држави, денеска со посета на Општина Карпош ја започнаа својата работна агенда на повеќе институции во државата.

 

На средбата, како што информираат од Општина Карпош, било разговарано за локалната самоуправа и нејзината поставеност, како и главните проблеми и предизвици за општината.

 

Гостите од САД се интересирале и за корисноста од постојаната присутност на социјалните мрежи, дали правилно се користат и дали овој однос придонесува кон спречувањето на лажните вести.

 

Градоначалникот Стефан Богоев, посочил дека е најмладиот градоначалник и природно е да се очекува од него да биде присутен во интернет просторот.

 

– Оваа проактивност придонесува директно кон решавање на голем број проблеми на граѓаните, но и кон спречување на ширење на лажни вести, со искрен одговор и брза реакција, посочил Богоев.

 

Во интерактивниот дел од средбата присутните разговарале и за начинот на избор на носителите на јавни функции и за моделот на отворени листи.

 

Богоев, нагласил дека го поддржува овој концепт, со кој ќе се зголеми одговорноста на функционерите, а граѓаните ќе имаат поголема одлучувачка моќ, ставајќи ги компетенциите на кандидатот во преден план.

 

Делегацијата на Американскиот совет на млади политички лидери придружувана од претставници од Амбасадата на САД во Скопје во следните денови ќе оствари повеќе посети на институции, организации и градови во нашата држава.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.